ФУДБАЛ

На дербито меѓу Звезда и Партизан имаше 600 гледачи, сите без маски, се чекаат казните

Црвена Звезда славеше против Партизан во одлично вечно дерби, но сега ќе биде казнет актуелниот шампион на Србија.

Во ложата на стадионот „Рајко Митиќ“ имаше околу 600 гледачи, многу повеќе од дозволеното, а повеќето од нив не носеа маски.

Пиротехника се користеше и на северната трибина, иако присуството на навивачи не беше дозволено.

Делегатот на натпреварот, Шаслав Лукиќ, забелеша сè, а Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија ја покрена постапката.

Да потсетиме, Звезда славеше со 1:0 со голот на Мирко Иваниќ во 58-та минута и суверено се движи кон нова титула.