До крајот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2020 остануваат уште две кола, кои ќе се одиграат во ноември. Досега шест репрезентации имаат убедливо водство во своите групи, а тоа значи дека веќе обезбедиле пласман на континенталниот собир.
Од Б-групата Украина го обезбеди првото место, од групата-Ф Шпанија ја заврши својата работа на две кола до крајот, во групата во која настапува македонската репрезентација, на две кола пред крајот, Полска го обезбеди настапот на евро-шампионатот.
Белгија и Русија се двата патника на ЕУРО 2020 од квалификациската група И.
Шестиот патник кој си обезбеди место на ЕП во октомври е Италија која заврши прва во Ј-групата, иако иам до крајот да одигра уште две кола.
Европското првенство ќе се одржи во 12 града низ континентот во периодот од 12 јуни до 12 јули 2020 година.
Жрепката е закажана за 30 ноември во Букурешт.