За време на Европското првенство летово во Германија, само капитените на тимовите ќе смеат да зборуваат со судиите.
Редовните играчи кои нема да го почитуваат ова и ќе се расправаат со судијата веднаш ќе бидат казнети со жолт картон, најави претседателот на Судиската комисија на УЕФА, Роберто Розети.
Ова е мерка која сезонава беше воведена и во Премиер лигата.
