Антоан Гризман реши да премине од Атлетико Мадрид во Барселона. Сепак, до овој момент французинот не помина добро, бидејќи сè уште не се прилагоди на амбиентот на „Камп Ноу“.
Ова го потврдува и неговиот соиграч Артуро Видал, кој во интервју за „Спорт“ призна дека Гриезман има потешкотии да се прилагоди во Барселона. Сепак, играчот од средниот ред смета дека на напаѓачот му треба одредено време.
„Беше тешко за Гризман да се интегрира и да се прилагоди. Дојде во најдобриот тим во светот со најдобрите играчи. Доаѓа од тим кој игра сосема поразлично од нас, но има многу квалитет. Сите знаеме дека Гризман е еден од најдобрите во светот.
Она што треба да направиме е да почекаме малку и да му дадеме некое време. Кога тој ќе разбере што сака тренерот и каде ја има својата најдобра форма, јас сум сигурен дека ќе ни помогне многу “, заклучи Видал.