Грди сцени се случија на натпреварот од Ла Лига помеѓу Кадиз и Валенсија.
Натпреварот беше прекинат во 30-та минута откако Хуан Кала расистички го навреди фудбалерот на Валенсија, Муктар Дијакаби.
Французинот го напушти теренот, следен од целиот тим на Валенсија, но на крајот тие се вратија на теренот по околу 20 минути.
Капитенот на клубот Хозе Гаја соопшти дека им се заканиле доколку не се вратат на теренот или дека можат да претрпат тешки последици. Дијакаби ги замолил да се вратат на теренот.
„Ни рекоа да се вратиме или ќе ги загубиме бодовите во овој меч, па дури и повеќе бодови. Дијакаби ни рече да продолжиме, инаку немаше да го направиме тоа. Тој не можеше да го продолжи мечот“, рече Гаја.
https://twitter.com/i/status/1378782021007384576
Тој посочува дека навредата била навистина грда.
“Тоа беше многу грда навреда и јас нема да го изговорам тоа. Кала последен излезе од теренот и јас не разговарав со него”, рече Гаја.
Валенсија го загуби овој натпревар со 2:1.