ФУДБАЛ

На Италија ѝ е потребно чудо, а Гатузо порача: Ќе се иселам од државата ако не се пласираме на СП

Репрезентацијата на Италија забележа две победи во минатиот квалификациски циклус, но ѝ е потребно чудо за директно да се пласира на Светското првенство.

Имено, Италија ќе мора со вистинска офанзива да ја победи првопласираната Норвешка, која ги совлада во првиот натпревар, па така се очекува Италијанците да завршат во бараж.

Нема сомнение дека ќе биде вистински дебакл ако Италијанците повторно не се пласираат на Светското првенство, но очигледно ќе мора да го постигнат тоа на потежок начин.

Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, е свесен за важноста неговиот тим да се пласира на Светското првенство и даде интересна изјава.

„Ако Италија не се квалификува за Светското првенство 2026 година, јас ќе се иселам од државата. Веќе живеам прилично далеку, но ќе одам уште подалеку“, порача Гатузо.

Да потсетиме, Гатузо ја презеде Италија во јуни и победи на сите четири натпревари што ги водеше со оваа репрезентација.

Претходно тренерувал Хајдук, Марсеј, Валенсија, Наполи, Милан…