По контроверзното реми помеѓу Јувентус и Салернитана (2:2), претседателот на Салернитана, Данило Иерволино, понуди „реприза“ од натпреварот кој се одигра во неделата навечер.
Јуве имаше негатива од два гола, стигна до 2:2, а потоа и лудилото во обештетување. Аркадиуш Милик на центаршут од корнер погоди за 3:2, но голот набрзо беше поништен.
Леонардо Бонучи наводно бил во офсајд, го попречувал голманот на гостите со грчење со глава, но подоцна ќе испадне дека ВАР го „заборави“ играчот од средниот ред на Салернитана, Антонио Кандрева, кој беше поблиску до голот од Бонучи, а не се гледаше на сликата на ВАР.
Ова не се рачуна како ’техничка грешка’ која би овозможила преигрување на мечот и едноставно речиси и да нема шанси дуелот повторно да се игра, но претседателот на Салернитана е дури и подготвен за тоа.
„Доколку Јувентус сака да го повтори натпреварот, тоа нема да биде проблем за нас“, изјави Данило Иерволино за Radio Kiss Kiss.
Изворите од Серија А на Лега првично се обидоа да објаснат за ДАЗН дека Кандрева бил земен предвид при одлуката за офсајд, но еден ден подоцна тие признаа дека не е дофат на камерите со кои располагаат.
Линискиот стручњак кој беше на натпреварот го задржа знамето бидејќи го виде Кандрева, но ВАР расипа се.
Јувентус беше оштетен, требаше да го добие натпреварот со 3:2, но ниту прв ниту последен пат не сме сведоци на скандалозните судиски одлуки во Италија.
Старата дама сега е на осмото место со 10 бодови, додека Салернитана е 10-та и има седум бодови.
Во следното коло Јуве ја пречекува Монца, додека Салернитана ќе му гостува на Лече. Овој тим има три последователни нерешени резултати, но и генерално многу добар старт на сезоната, со оглед на тоа што одамна е отпишан од многумина.