Низ Торино брануваат бурни води, пред се поради претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
Уште кога дојде на кормилото, Ањели го направи Јувентус еден од најмоќните клубови во светот со огромни приходи и одлична заработка.
Сепак, настаните во последната година, кога самоиницијативно беше лансирана експресно затворената Суперлига, угледот на Ањели нагло опадна.
Последните недели повторно се шпекулира за формирање на нова Суперлига со малку поинаков формат. Челниците на Италијанската фудбалска федерација јасно му порачаа на Ањели дека такво нешто не му паѓа на памет.
Имено, Габриеле Гравина, претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) кристално јасно стави до знаење дека Јувентус ќе испадне од Серија А доколку влезе во Суперлигата.
„Доколку тој договор стане реален, Јувентус ќе биде исфрлен од италијанското првенство. Суперлигата е погрешен одговор на вистинската потреба“, изјави Гравина.
„Италија треба да размисли како да го подобри квалитетот на Серија А и да ја направи поатрактивна на пазарот“, додаде тој.
Дека Серија А е во огромна криза по пандемијата на коронавирус најдобро покажуваат резултатите на италијанските клубови во Серија А каде ниту еден од четирите претставници не избори пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Атланта и Милан не успеаја да ја поминат ниту групната фаза, додека Јувентус испадна од Виљареал, а за Интер кобен беше Ливерпул.