Италијанскиот прволигаш Киево Верона ќе остане без три бода, и ќе мора да плати казна од 200.000 евра поради неправилности во финансиското работење, објави италијанскиот фудбалски сојуз.
Спортскиот суд утврди дека Киево е виновен поради тоа што во последните три години ги „пумпал“ цените на младите играчи кои доаѓале од второлигашот Чезена и така остварил профит од 27 милиони евра, и си овозможил регистрација во Серија „А“, во спротивно не би можел.
Двете казни треба да бидат спроведени во текот на оваа сзеона. Судството бараше одземање од 15 бодови, но на крајот сојузот одлучи за „поблага“ казна. Исто така суспендиран е претседателот на клубот Лука Кемпедели на три месеци.
Извор: ТВ21