ФУДБАЛ

На кои стадиони би се играла завршницата во Премиер лигата?

Англиските клубови во Премиер лигата сакаат да ја завршат сезоната.

Планот е да се продолжи првенството од 12 јуни и британската влада предложи план за одигрување на натпреварите на неутрални терени и на стадиони што не се во населени места.

Ниту еден клуб не би бил домаќин на преостанатите натпревари, а осум стадиони низ Англија би биле искористени за да се заврши сезоната.

Осумте стадиони се:

Амекс – Брајтон
Св. Мери – Саутемптон
Лондон стадион – Вест Хем
Емирати – Арсенал
Кинг Пауер – Лестер
Вила Парк – Астон Вила
Олд Трафорд – Манчестер Јунајтед
Етихад – Манчестер Сити

Овие стадиони се најголемите фаворити досега за одигрување на завршниот дел од сезоната во Премиер лигата, но многу е можно тука да се додадат уште неколку стадиони.

Одлука за продолжување на Премиер лигата треба да се донесе до 25 мај, а следната недела ќе се одржи нова средба на челниците на англиските клубови за да се разгледаат опциите, откако британската влада ќе објави нови мерки во пресрет на пандемијата на коронавирус.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига