Луис Назарио да Лима Роналдо со 17 години доби повик за репрезентацијата на Бразил на Светското првенсрво 1994-та година. Таму го пречекаа големи имиња на бразилскиот фудбал како што се Бебето, Дунга, Ромарио.
Токму Ромарио бил немилосрден кон Роналдо, а вториот како тинејџер морал да му ги исполнува сите наредби.

-Ромарио беше жесток кон мене. На секои два или три часа, бараше да му донесам кафе, а по мечот ќе ми ги дадеше копачките да му ги исчистам. Се разбира тоа го правеше ред сите, вели Роналдо.
Интересно е тоа што токму Роналдо го замени Ромарио во дресот на ПСВ Ајндховен 1994-та година, а потоа и во дресот на Барселона две години подоцна.