Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс присуствуваше на настанот во центарот „Стејплс“, но за медиумите изјави дека не сака да биде на фотографиите.
Вчера „Стејплс“ им оддаде почит на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана. И двајцата трагично загинаа во хеликоптерската несреќа минатиот месец.
Не случајно, 24.02 беше датумот на честа. 24 е бројот кој Коби го носеше на дресот на Лејкерс, а 02 го носеше неговата ќерка на Академијата Мамба.
Бројни sвезди во НБА-лигата, како и некои познати личности дојдоа да му оддадат почит на Коби. Беа Вестбрук, Харден, Кари, Дрејмонг Грин, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан …
Беше и Леброн, но тој не се појави никаде – ниту на фотографии ниту во видеа.
„Коби е мојот брат. Од времето кога го гледав од средно училиште се додека не стигнав во оваа лига на 18-годишна возраст и морав добро да го видам, сите битки што ги имавме во текот на мојата кариера… Ние секогаш ја делевме таа решеност дека сакаме да победиме“, рече Леброн Џејмс.