Тренерот на Барселона, Чави Ернандез е разочаран од резултатот против Баерн и истакнува дека неговиот тим заслужил повеќе.
– Се чувствувам разочарано бидејќи ова беше ноќ за победа. Но, јас сум горд и на тимот. Сепак, на крајот на денот се е за победа и мораме да бидеме подобри конкуренти во клучните моменти, а мора да имаме и подобра реализација. Примавме голови кога го имавме натпреварот под контрола. Мора да извлечеме поуки – рече Чави.
Кога се зборува за реализација, сите помислуваат на Роберт Левандовски, кој на последните пет натпревари постигна девет гола. Повторно имаше одлични шанси, но не ги искористи.
– Не му беше денот на Левандовски. Очигледно беше дека емоциите го надминаа и тој не беше толку ладен во финалето како што е обично.
Барселона е изедначена на второто место во групата со Интер, со кого ќе се сретне во следното коло во Милано.