Клупската сезона заврши, но она што не чека додека нема натпревари е возбудлив преоден рок.
Ова особено важи за клубовите во Англија кои се меѓу најбогатите во светот и трошат најмногу во речиси секој преоден рок.
Еден од играчите кои би можеле да се пробијат до Островот е Џанлука Скамака, кој е стартер за италијанската репрезентација на последните два натпревари, против Аргентина и Германија, а очекувањата на навивачите од него се големи.
Напаѓачот успеа да докаже дека е еден од најперспективните играчи во Серија А, поради што Арсенал е подготвен да понуди 40 милиони евра за да го доведе ова лето, пишуваат англиските медиуми.
Истите извори наведуваат дека Сасуоло веќе ја одбил понудата и сака да добие поголема отштета за својот напаѓач.
Инаку, Скамака како младинец беше во Лацио, Рома, ПСВ, а Сасуоло го донесе за само 500 илјади евра во јануари 2017 година. Го испратија на позајмица во Кремонезе, Цволе, Асколи и Џенова, а летово добро можеа да го искешираат.
Минатата сезона Скамака настапи на 38 натпревари за Сасуоло и постигна 16 гола со една асистенција. Има пет настапи за италијанската репрезентација и се уште го чека првиот гол.
За неговите услуги се уште се заинтересирани Милан и Интер.