ФУДБАЛ

На Милан му нудат 30 милиони евра за Пиатек

Астон Вила го засили интересот за напаѓачот на Милан, Пиатек, нуди 30 милиони евра.

Постојат шпекулации во текот на последните 24 часа од преселбата на Пиатек во Астон Вила, но сега „Скај Спорт Италија“ известува дека англискиот клуб веќе направил официјална понуда.

Милан го обезбеди трансферот на Пиатек од Џенова за 35 милиони евра во јануари минатата година. Но, „црвените“ сега се подготвени да го ослободат напаѓачот од својот состав за приближна сума од 35 милиони евра, кои беа потрошени за играчот.

24-годишниот напаѓач минатата сезона успеа да постигне 30 гола на сите натпреварувања, но оваа сезона постигна само четири гола.

Милан сега го имаат Златан Ибрахимовиќ, додека клубот од Премиер лигата бара напаѓач, поради повредата на Весли.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига