ФУДБАЛ

На муслиманите од Ливерпул клубот им ја исполни секоја желба за време на Рамазан

Екипата на Ливерпул целосно ги почитуваше своите фудбалери од муслиманска вероисповед во текот на месецот Рамазан.

Садио Мане, Мохамед Салах, Ибрахим Конате и Наби Кеита имаа максимално олеснување како што потврди Мане.

Не е лесно да се има жестоки физички напори во месецот на постот, но клубот потврди дека им ја исполнува секоја желба на играчите.

„Не е лесно да се игра и тренира за време на Рамазан. Пред почетокот на месецот на постот, разговаравме со капетанот Хендерсон за да му кажеме на шефот да го смени распоредот за тренинзи и да тренираме наутро. Така ни е полесно. Ако тренираме наутро, тогаш имаме време за одмор, два или три часа, многу е тешко “, изјави Мане за BeIn Sports.

Клоп имаше разбирање и им олесни на играчите да постат.

“Тренерот се согласи на тоа и ни олесни. Затоа даваме се од себе, иако не е лесно. Сепак, клубот ни олесни што е можно повеќе”.

За постот се грижи клупскиот нутриционист Мона.

„Разговараме со Мона и ни олеснува кога ќе заврши натпреварот. Таа се грижи да постиме без проблем“, истакна Мане.