Властите во градот Мангаратиба, на јужниот брег на државата Рио де Жанеиро, го казниле бразилскиот напаѓач Нејмар со 16 милиони реали, што изнесува околу 3 милиони евра, за изградба на вештачко езеро и област за капење на неговиот имот, објавија локалните медиуми. .
Според обвинителството во Бразил, играчот не се придржувал кон голем број еколошки барања и норми при изградбата на вештачкото езеро во дворот на неговата палата. Тој е обвинет и за „поместување на почвата“ и „уништување вегетација“.
Претходно локалните екологисти го прегледаа домот на Нејмар и констатираа прекршување на еколошките стандарди, откако беше поднесена анонимна жалба до властите во Бразил.
Меѓу прекршувањата што ги направи ѕвездата е и неовластеното користење на вода од една од реките. Локалните власти тогаш одлучија да ја забранат употребата на акумулацијата и просторот за капење, оградувајќи ги и издадоа предупредување, но тоа не го спречи Нејмар, по неколку дена, да објави фотографии на социјалните мрежи на кои се капе во своето езеро. со прекршување на забраната . Фудбалерот сега има 20 дена да се жали на одлуката на локалните власти.
