ФУДБАЛ

На Ноу Камп стигна порака: „Пратете ни го тој играч и Левандовски е ваш“

Судбината на Роберт Левандовски во Баерн останува неизвесна.

Договорот на Полјакот со Баварците истекува во летото 2023 година, а бидејќи се уште не му е понуден нов, почнаа гласините дека ќе го напушти клубот, што во моментов изгледа многу реално.

Откако ги одби понудите од ПСЖ и Манчестер Јунајтед, се засилија гласините дека големиот Полјак ќе ја засили Барселона на лето и не треба да не чуди што од следната сезона ќе го гледаме под команда на Чави Ернандез.

Германски „Кикер“ пред два дена објави дека германскиот шампион ќе се согласи на заминување на својата најголема ѕвезда само доколку клубот добие понуда од најмалку 40 милиони евра. „Кикер“ додаде и дека самиот Левандовски треба да заборави на бараното покачување. Конечниот предлог за новиот договор вклучуваше понуда од 24 милиони евра, колку што заработува моментално.

Сега доаѓаат уште посвежи вести, а тоа се однесува на потенцијалните размени на играчи кога е во прашање трансферот на Роберт Левандовски на Ноу Камп.

Откако веќе му беше понуден на Баерн Сергино Дест, што Баварците категорично го одбија, се чини дека се подготвени да направат еден исклучок на Алијанц Арената.

Според „Barca Universal“, Баерн не би му рекол „не“ на Гави, 17-годишното чудо од дете во редовите на Барселона.

Сепак, Барселона не ни помислува да се откаже од него, па трансферот на Левандовски ќе биде можен само во замена за сума на пари.