Спортскиот инсајдер и новинар Фабрицио Романо го објави неговото познато „Here we go“. Тој тврди дека дефанзивецот на Манчестер Сити, Мануел Аканџи е на пат за Милано, на медицински прегледи. Во следните неколку часови треба да потпише договор со Интер. Како што тврди Романо, договорот помеѓу Интер и Манчестер Сити е позајмица од 2 милиони, со опција за откуп на договорот за 15 милиони евра, кој ќе се реализира во зависност од исполнување на одредени услови.
Угледната „Газета дело Спорт“ пишува дека по доаѓањето на Аканџи, во последните моменти од трансфер прозорецот Бенџамин Павар ќе го напушти Интер и ќе се пресели во Олимпик Марсеј.
