Како што стојат работите веројатно вистинска бура се очекува во тимот на Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми пишуваат дека Роналдо договара сензационален трансфер. Наводно се спомнува Интер Мајами, каде што сопственик е легендарниот Дејвид Бекам. Сепак, прашање е дали Роналдо сака да го напушти европскиот фудбал во година кога има Светско првенство.
Но, освен Роналдо и многуи други имиња ќе бидат на трансфер листа. Покрај Роналдо, како слободни играчи клубот ќе го напуштат Пол Погба, Џеси Лингард, Единсон Кавани и Хуан Мата.
Останатите на оваа листа, според „Сан“ се: Хари Мегваер, Виктор Линделоф, Ерик Баи, Фил Џонс, Мејсон Гринвуд, Том Хитон и Ли Грант. На листата ке се најде и Маркус Рашворд.