Меѓу играчите кои нема да го носат дресот на Реал Мадрид во новата сезона е и Иско Аларкон.
Реал веќе се прости од Иско, кој сега по девет години ќе биде принуден да бара нов клуб, како слободен играч.
Искусниот шпански играч за врска го застапува Жорге Мендеш, па овој фудбалер не би требало да има проблеми да избере нова средина.
Според информациите кои денеска пристигнуваат од Шпанија, Иско кариерата би можел да ја продолжи надвор од границите на својата земја, поточно во Италија.
Наводно искусниот играч за врска бил понуден на Рома, а на маса веќе е готов тригодишен договор по заминувањето на Хенрих Мхитарјан кому му истече договорот со Вучица.
Мурињо и Мендеш имаат одлични односи и на крајот би можело да надвладее Иско да заврши на Олимпијадата.
Рома минатата сезона ја освои Конференциската лига и сега сака уште поголем исчекор, па може да се каже дека овој клуб е вистинското место за Иско да ја оживее кариерата.
Инаку, Иско на оригинален начин се прости од Реал прозивајќи го Килијан Мбапе кој ги одби кралевите и реши да остане во Мадрид.
Шпанецот објави емоџи желка алудирајќи на Мбапе, кој своевремено позирал со маската на еден од ликовите од цртаниот филм „Нинџа желки“.
Кога Реал Мадрид ќе тропне на вашата врата, никогаш не можете да ги одбиете, но секогаш намерно има исклучоци“, напиша Иско во својата порака, додавајќи емотикон од желка на крајот од оваа реченица.