ФУДБАЛ

На повидок е нов клуб за Обамејанг

Пјер-Емерик Обамејанг (32) е отпишан во Арсенал, но искусниот напаѓач наскоро би можел да заигра во дресот на новиот клуб.

Според англиските медиуми, Обамејанг би можел да ја продолжи кариерата во тимот на Њукасл Јунајтед кој покажува огромен интерес за Габонецот.

Екипата од „Сент Џејмс Парк“ е подготвен да го донесе Обамејанг на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да го откупи следното лето за 20 милиони фунти.

Она што е сигурно е дека искусниот напаѓач беше отпишан во Арсенал. Поради недисциплина му беше одземена капитенската лента и тешко дека ќе го видиме повторно во дресот на Топџиите.

За Њукасл играч како Обамејанг сигурно би бил добредојден во борбата за опстанок и ќе видиме дали ќе има трансфер.

Обамејанг оваа сезона постигна седум гола на 15 настапи за Арсенал, постигнувајќи вкупно 92 гола на 163 натпревари.