ФУДБАЛ

На повидок е првото засилување на Јунајтед во ерата на Ерик тен Хаг

Ерик тен Хаг ја презеде функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед.

Холандскиот стручњак ќе има многу пари на располагање за трансфери. Во тимот од Олд Трафорд се очекуваат многу промени, а на повидок е првото засилување на Црвените Ѓаволи во неговата ера.

Тоа би можел да биде францускиот фудбалер Кристофер Нкунку од РБ Лајпциг. Преговорите меѓу раководството на двата клуба се закажани за следната недела, а нема да биде изненадување доколку 24-годишниот напаѓач пристигне на „Театарот на соништатаѝ.

Нкунку ги воодушеви сите со одличните игри во редовите на германскиот клуб. Оваа сезона постигна 35 гола и додаде 20 асистенции на 51 натпревар.

Овој настап заинтересира многу клубови. Меѓу нив е и Манчестер Јунајтед, кој ќе се обиде да го комплетира трансферот на одличниот напаѓач, иако Лајпциг засега тврди дека нивниот играч не е на продажба.

Цената на овој фудбалер на пазарот е околу 65 милиони евра. Сепак, сигурно е дека германскиот клуб ќе бара многу повеќе пари и ќе видиме дали ќе се постигне договор.