Низ историјата имаме неколку примери на фудбалери кои играле за Барселона и Реал Мадрид.
Некои од нив се Луис Фиго, Роналдо, Хаги, Луис Енрике, Савиола, Лопетеги, како и југословенската и хрватската легенда и поранешен селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки.
На овој список, се чини според она што го кажа, нема да се придружи талентираниот фудбалер на Барселона кој моментално настапува како позајмен во Валенсија, Нико Гонзалес.
Запрашан за можна преселба во ривалот Реал Мадрид, Нико Гонзалес не помислил ниту една секунда и одговорил на лице место.
„Реал Мадрид? Не, јас сум навивач на Барселона од мал. Многу сум среќен во Валенсија, бев многу среќен во Барселона и мислам дека нема да стигнам во Мадрид.
Го замолив Чави да оди на позајмица и тој сфати. Ми посака среќа и ми олесни да одам на позајмица“, изјави Нико Гонзалес, пренесува El Larguero.
Да потсетиме, и Гонзалес потпиша неверојатен договор со Барселона. Стариот договор на Ник Гонзалес со Барселона беше до 2024 година, но Каталонците сакаа да ги осигураат услугите на играчот од средниот ред уште две години, а беше поставена клаузула од една милијарда евра.
Ансу Фати, Педри и Роналд Араухо се другите играчи на Барселона кои се уште имаат клаузули од една милијарда евра во нивните договори. Исто така, Валенсија нема опција да го откупи договорот на Гонзалес на крајот од сезоната.
Целта е тој да се развива на Местаља и да добие поголема минутажа, бидејќи минатата сезона играше малку, а во сегашната ситуација никој не можеше да му гарантира поголема минутажа од минатата сезона.
Сезонава играше шест пати во дресот на Шишмиша и постигна еден гол.