Екипата на ПСЖ игра одлично оваа сезона, а со оглед на тоа каква екипа располага тешко беше да се очекува нешто друго.
Кога станува збор за потписите, ПСЖ заврши добра работа минатото лето, но едно име што сакаа да го доведат не стана дел од нивниот тим.
Станува збор за стоперот на Интер, Милан Шкриниар, кого ПСЖ на секој начин се обидуваше да го доведе пред почетокот на сезоната.
Сепак, раководството на Интер ги одби понудите од ПСЖ, иако самиот фудбалер беше за преселба во Франција.
Со оглед на тоа што италијанскиот тим не беше расположен за соработка, единствената шанса да добијат пари за својот фудбалер е во јануари.
Имено, договорот на Шкриниар со Интер истекува во 2023 година, а потоа може да го напушти клубот како слободен играч.
Но, тоа не сакаат да го чекаат во ПСЖ, а сакаат да го доведат веќе во јануарскиот преоден рок, иако летово им беше одбиена понудата од 60 милиони евра.
Според француските медиуми, Насер Ал-Хелаифи му ветил на Шкриниар дека во јануари ќе се врати кај него со подобрена понуда.
Останува да видиме дали Интер ќе му дозволи на Шкриниар да си замине од тимот во јануари или ќе се обиде да преговара за нов договор.
Она што е сигурно е дека ПСЖ нема да се откаже од него, и дека ќе се обиде на сите начини да го доведе.