ПСЖ пред три дена во 10. коло од Лига 1 ремизираше 0:0 на гостувањето кај Ремс.
Со оглед на тоа што го видовме на стадионот Огист Делон, ПСЖ може да биде позадоволен од овој резултат, бидејќи Ремс покажа повеќе и имаше повеќе шанси за победа.
Покрај сето тоа имаа и играч повеќе од 41. минута по исклучувањето на Серхио Рамос. Шпанскиот дефанзивец најпрвин доби жолт картон, а веднаш потоа и втор поради канонадата од протести кои ги испрати до судијата.
Што се однесува до казната што ќе ја добие, се зависи од тоа што ќе напише во записникот. Француските медиуми пишуваат дека му се заканува казна до седум натпревари суспензија.
Според новинарите на RMC Sport, Гејлост во извештајот напишал дека Рамос бил елиминиран поради „агресивно“ однесување, без да додаде други детали, како на пример изразите што Рамос ги употребил на шпански.
Под овие услови, постојат шанси фудбалерот да не биде санкциониран со максимална казна, пишува Дејли Мејл.