Според многу информации од Шпанија, српскиот фудбалер Лука Јовиќ нема да остане долго на „Сантијаго Бернабеу“.
Лука Јовиќ, дојде во Реал летото 2019 година од Ајнтрахт, но вложените пари не се оправдани досега и со месеци има гласини за напуштање на клубот.
И гласините не престануваат и покрај тоа што Зинедин Зидан објави дека смета на младиот напаѓач следната сезона, па сега се споменува можноста да замине во Англија, поточно на Лестер Сити, кој нуди 35 милиони евра.
Медиумите на Островот пишуваат дека Роџерс го гледа Јовиќ како дел од тандемот со најдобриот стрелец на тимот Варди, а Лисиците наводно контактирале со агентот на младиот играч за да го спречат Арсенал, што го зголеми интересот.
Исто така се споменува дека Лестер сакаше да го донесе Јовиќ минатото лето, но тогаш тие немаа шанса да преговараат како Реал Мадрид.
Во тековната сезона, Јовиќ постигна само два гола за Реал.