Реал Мадрид во Москва изгуби од ЦСКА со 1:0 во второто коло од Лигата на шампионите.
Поразот како пораз не боли премногу, Реал најверојатно, ќе ја помине групата во која покрај ЦСКА се Рома и Пилзен со кој игра во следните два натпревари, но факт е дека Кралевите не делуваат силно веќе неколку недели.
За прв пат во 2006 година, успеале да запишат три натпревари без постигнат гол. Освен вчера, Реал не постигна во последните две натпревари против Атлетико и Севиља.
Три важни натпревари без постигнат гол, последен пат имаа кон крајот на 2016 и почетокот на 2017 година, кога беа поразени од Хуелва 3:0 од Депортиво со 2:0, а потоа со Бетис одигра 0:0.