ФУДБАЛ

На Роман Абрамович му се заканува најлошото сценарио, подготвен ли е Владимир Путин да му го загорчи животот?

Руската инвазија на Украина остави голема трага кај руските тајкуни ширум светот, а еден од оние кои ја плаќаат цената за лудата и неразбирлива политика на Владимир Путин е сопственикот на Челзи, Роман Абрамович.

Очигледно е дека црни облаци се надвиснаа над главата на Абрамович, кој поради војната во Украина го распродава имотот, вклучително и Челзи, а тој вети дека ќе ги даде сите пари за жртвите од војната во Украина.

Западните земји воведоа бројни санкции за луѓето поврзани со Путин, а Абрамович очигледно се плашеше од можните последици и почна да го продава богатството во Британија.

Медиумите објавија дека тој, меѓу другите, ставил на продажба луксузни недвижности во Лондон, како и Челзи, клуб чија моќ ја гради од 2003 година.

„Во сегашната ситуација, донесов одлука да го продадам клубот бидејќи верувам дека тоа е во најдобар интерес на клубот, навивачите, вработените, како и неговите спонзори и партнери“, се вели во соопштението на рускиот тајкун.

Абрамович може да наиде на големи проблеми во својата татковина. Руската влада донесе закон со кој ширењето на „лажни“ информации за вооружените сили е кривично дело, а употребата на термини како „војна“ или „инвазија“ се казнува со три години затвор. Во посебни случаи, едно лице може да биде осудено на 15 години затвор.

Абрамович го употреби зборот „војна“ во своето писмо со намери да го продаде Челзи. Така, во очите на заколнатите руски офицери и Путин, тој го предаде својот народ.

„Му наложив на мојот тим да основа добротворна организација која ќе ги добие нето приходите од продажбата и ќе ги донира на сите жртви на војната во Украина“, изјави моќен Евреин роден во Русија.

Британските медиуми дури сугерираат дека тој можеби нема да се врати во татковината. Изјавата на Абрамович за Челзи во Русија – во светлината на новите, драконски закони – е нелегална. На крајот на краиштата, Русите тврдат дека спроведуваат мировна операција во Украина чија цел е денацификација на Украина, така што ставовите на Абрамович не се добредојдени.

Роман има добри врски со Путин и руските моќници, но во ова лудо време никој не може да си ја гарантира сопствената безбедност, дури ни некој кој има огромно богатство и голем удел во рускиот нафтен гигант Газпром.

Војната во Украина трае веќе 12 дена. На 24 февруари Русите започнаа вооружена инвазија на своите соседи, не грижејќи се за човечки животи. Трагедијата на милиони луѓе се одвива пред очите на целиот свет, а невини цивили секојдневно гинат под руски оган. За жал, мировен договор не е на повидок, а досега неколку преговори беа неуспешни, а Путин инсистира дека ќе оди до крај и ќе го преземе тоа што го има на овој или оној начин.