ФУДБАЛ

На рускиот тим Анжи му се заканува банкрот, неизвесен натпреварот со ЦСКА

Рускиот тим Анжи е пред банкрот, и играчите веќе се заканиле дека немаат намера да го играат натпреварот со ЦСКА на 19 октомври поради неисплатени плати.

Ова го потврди и генералниот директор на клубот, Олег Флегонтов.

„Играчите испратија соопштение дека нема да го играат натпреварот со ЦСКА доколку не добијат барем дел од платите. Мене ова соопштение не ме изненадува. Јас веќе некое време кажувам дека ситуацијата е алармантна и дека ако не реагираме во следните денови, клубот ќе мора да прогласи банкрот“, изјави Флегонтов.

Претходно два клуба прогласија банкрот. Станува збор за Амкар Перм и за освојувачот на Купот, тимот на Тосно. Тие два клуба повеќе не постојат, а еве истата судбина му се заканува и на Анжи.

Инаку Русија беше организатор на Мундијалот оваа година, но очигледно во домашниот фудбал има поголеми проблеми од организација на најголемиот фудбалски настан.

Извор: ТВ21