ФУДБАЛ

На сите им е јасно зошто Барселона се надева дека Пике ќе стави крај на кариерата ова лето

Познато е дека Жерар Пике направи одличен потег минатата година со намалување на платата за Барселона да може да регистрира нови играчи.

Пике беше еден од најплатените играчи на Барселона, но минатото лето се согласи со предлогот на клубот да му ја намали платата за да можат да регистрираат нови играчи.

Искусниот дефанзивец минатата сезона играше речиси бесплатно и покажа голема љубов кон клубот. Сепак, јасно е дека Барселона одвреме-навреме ќе мора да му ги исплати сите тие пари на Пике.

Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека Барселона му должи на Пике дури 50 милиони евра, а тие пари ќе треба да му ги исплатат кога ќе го напушти клубот.

Според „Мундо Депортиво“, не е тајна дека Барселона се надева дека Пике ова лето би можел да ја заврши кариерата, бидејќи колку подолго игра во дресот на овој клуб, долгот кон него ќе биде уште поголем.

Пике има договор со Барселона на уште две години и доколку го испочитува до крајот, тогаш овој клуб ќе треба да му плати дури 80 милиони евра кои ќе му бидат должни доколку продолжи да игра.

Неодамна изјави дека нема намера се уште да ја заврши кариерата и извесно е дека од следната сезона Пике повторно ќе го гледаме во дресот на Барселона.