Екипата на Барселона планира да направи големи промени во составот за следната сезона.
Новиот претседател Жоан Лапорта започнува нова ера на клубот со неговото раководство, а по вчерашните разговори беше одлучено холандскиот стручњак Роналд Куман да ја продолжи работата на тренерската клупа.
Клубот планира да донесе неколку нови играчи. Се споменуваат Ерлинг Халанд, Давид Алаба, но и многу други, но носењето бара продажба на многу првотимци.
Ел Чирингито го објави списокот на фудбалери кои Барселона има намера да ги продаде во летниот преоден рок и има навистина големи имиња.
Тука е и името на играчот за врска, Миралем Пјаниќ, кој, судејќи според каталонските медиуми, веќе е отпишан, а најголемо внимание секако привлекуваат имињата на Антоан Гризман и Филип Кутињо.
Покрај нив на списокот за продажба се и Жуниор Фирпо, Самуел Умтити, Нето, Карлес Алена и Рики Пуиг.
Повеќето од нив веројатно нема да ги видиме во дресот на Барселона следната сезона и ќе видиме кој навистина ќе замине.