Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, во говорот пред германските медиуми објасни зошто минатото лето овој клуб одлучи да го продаде левото крило, Хуан Бернат.
Шпанскиот дефанзивец на изненадување на многумина ова лето го напушти Баерн и се пресели во ПСЖ на последниот ден од преодниот рок за околу 15 милиони евра, а Хенес реши да открие зошто се случило тоа.
За Бернат пресуди натпреварот против Севиља во четвртфиналето на Лигата на шампионите, поточно една грешка.
“Кога игравме во Севиља, тој беше одговорен за фактот дека речиси испаднавме. Тогаш решивме да го продадеме затоа што многу нè чинеше исфрлањето од Лигата на шампионите”, рече Хенес.
Да се потсетиме, Баерн славеше во првиот дел од четврт-финалето на Лигата на Шампионите во гостинскиот натпревар против Севиља со 2:1, но заостаток од 0:1.
Воглавно за голот на Севиља главен виновник е Бернат, а во видео (од 4,05), може да се погледне што всушност се случило: