Сезоната во Ла Лига ќе започне овој викенд. Барселона го игра првиот натпревар во недела и ја отвора сезоната со гостување кај Хетефе. Со вкупно 13 пријавени играчи. Што во пракса е всушност 11 бидејќи клубот ќе го напуштат Усман Дембеле и Франк Кеси. Девет играчи се уште не го поминале официјалниот процес на регистрација.
Токму заминувањата на Дембеле и Кеси ќе и овозможат на Барселона да го заврши процесот на пријавување играчи бидејќи со нивна продажба ќе „ослободи“ дел од парите од буџетот за плати.
Инџиго Мартинез, Илкај Гундоган, Ориол Ромелу, Роналд Араухо, Алехандро Валде, Маркос Алонсо, Серхи Роберто, Ињаки Краг и Ез Абде чекаат регистрација. Во случај да не се заврши навреме пријавувањето, како слободни играчи, бидејќи имаат такви клаузули во договорите, ќе си заминат годинешните засилувања Мартинез и Гундоган.
Јасен е списокот на играчи кои Барселона во моментов ги има на платниот список: Марк-Андре тер Штеген, Жил Кунде, Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен, Педри Гонзалес, Гави, Френки де Јонг, Феран Торес, Ансу Фати, Рафиња и Роберт Левандовски.
На списокот на првиот тим нема да се најдат Клемон Ленгле и Сержин Деста за кои се шпекулира дека ќе го напуштат клубот.
Според шпанските медиуми, петок е крајниот рок кога Барселона треба да ја заврши регистрацијата на играчите.
