ФУДБАЛ

На трпението му дојде крајот: Барселона се откажа од Дембеле, но тој веќе има договор со друг клуб

Усман Дембеле постојано ги одбива понудите за продолжување на договорот со Барселона.

Каталонците се уморни од тоа и ја донесоа конечната одлука – Французинот може да си оди.

Според „Мундо Депортиво“, раководството на Барселона ја откажало секоја средба со агентот на Усман Дембеле и планира нова сезона без францускиот напаѓач.

Клупските челници го загубија трпението со францускиот репрезентативец и се откажаа од барањето да го продолжи договорот.

Така Дембеле ќе има слободен пат во изборот на нов тим. Сите знаци укажуваат на Челзи, единствениот тим кој остана во трката за неговиот потпис.

ПСЖ беше меѓу заинтересираните клубови за трансфер на Усман Дембеле, заедно со Баерн и Челзи. Но, парижаните се откажаа од оваа идеја, по заминувањето на спортскиот директор Леонард, пренесува Sport.es.

И покрај тоа што Мбапе побара од Дембеле да пристигне на Паркот на принцовите, фудбалерот на Барселона не му се допаѓа на Луис Кампос, новиот спортски директор на ПСЖ.

Кампос наводно му рекол на клубот дека има намера да носи важни фудбалери во средниот ред, а не во офанзивната линија, каде што парижаните се веќе покриени.

Така, во овој момент Челзи остана единствениот тим на списокот со реални шанси да го добие потписот на Дембеле. Лондонскиот тим подготви договор за Французинот за четири сезони, па останува да се види каков ќе биде неговиот конечен избор.