Фудбалерот на Челзи и италијански репрезентативец Жоржињо би можел кариерата да ја продолжи во Њукасл, пренесуваат британските медиуми.
Жоргињо (31) има договор со Челзи до крајот на сезоната, а веќе во јануари може да преговара со други клубови. Британските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Челзи, Греам Потер, планира во лондонскиот клуб да го доведе Аргентинецот Енцо Фернандез, кој би бил замена за италијанскиот репрезентативец.
Newcastle want to sign Jorginho as a free agent this summer if he leaves Chelsea https://t.co/kC35GoPD71
— Daily Mail Sport (@MailSport) December 27, 2022
Челниците на Њукасл наводно веќе стапиле во контакт со раководните лица на Жоргињо, кој сака да ја смени средината. Тој во Челзи пристигна пред четири години од Наполи за 57 милиони евра. За лондонскиот клуб одигра 208 натпревари и постигна 29 гола со девет асистенции.
„Трансфермаркт“ тврди дека Жоргињо на фудбалскиот пазар вреди околу 35 милиони евра. Британските медиуми тврдат дека Њукасл моментално е најбогатиот клуб во светот. Њукасл моментално е на второто место на табелата во Премиер лигата.