ФУДБАЛ

На Зидан не му се зборува за засилувања: Го имаме овој тим!

Реал Мадрид е на четвртото место во Ла Лига, не му оди баш најдобро и во ЛШ, каде по победата над Интер од 2:0 се проби до 2.место, но сепак Зидан не смета дека во овој момент треба да се зборува за засилувања. Веројатно во јануари Реал Мадрид воопшто нема да се засилува.

Пред мечот со Алавес кој на програмата е вечерва од 21 часот, новинарите го запрашаа за играчкиот кадар. Тој го скокна јануари, и веднаш отиде во летниот преоден рок.

-Промени на играчкиот кадар на лето? Знам дека никогаш не смееме да застанеме. Сите играчи треба да бидат вклучени секогаш. Сега го имаме овој тим и треба да живееме со него до крајот на сезоната. Не би требало да менуваме ништо, изјави Зидан.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига