ФУДБАЛ

На ѕвездата на Борусија Дортмунд откриен тумор!

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастиен Халер поради болест предвреме мораше да го напушти тренинг кампот во Бад Рагаз, Швајцарија и веќе се врати во Дортмунд.

 

28-годишниот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска се пожали дека не се чувствува добро по тренингот во понеделникот наутро.

При интензивните лекарски прегледи конечно е откриен тумор на тестисите. Понатамошни прегледи во специјализираниот медицински центар ќе се вршат во наредните денови.

 

„Оваа вест денес беше шок за Себастиен Халер и за сите нас. Целото семејство на БВБ му посакува на Себастиен целосно закрепнување што е можно поскоро и наскоро повторно да го гушнеме. Ќе направиме се што е во наша моќ за да се осигураме дека ќе добие најдобар можен третман“, изјави спортскиот директор на БВБ, Себастијан Кел.

Борусија Дортмунд бара да се почитува приватноста на играчот и неговото семејство и да не се поставуваат прашања.

 

Веднаш штом ќе имаме дополнителни информации ќе ве информираме во договор со играчот“, соопштија од германскиот клуб.

 

28-годишниот напаѓач летово пристигна во Борусија како замена за Ерлинг Халанд од Ајакс, каде имаше одлична сезона во која на 50 натпревари постигна 32 гола. Тој претходно играше за Вест Хем, Ајнтрахт Франкфурт, Утрехт и Оксер во Франција, каде што е роден.