Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез испрати недвосмислена порака до своите соиграчи дека „Лос Бланкос“ ќе се подобри во играта во одбраната, по репрезентативната пауза.
Реал Мадрид минатата недела ја започна со слабо реми со Виљареал (0:0), по што загуби од Шериф во Мадрид, а потоа и од Еспањол.
„Тоа беше уште една лоша недела. Мораме да продолжиме да ја подобруваме играта, особено во одбраната. Имаме многу повредени играчи, но тоа не треба да биде изговор за нас. Ќе мора да ја искористиме паузата поради репрезентативните обврски за да го опоравиме тимот, бидејќи имаме играчи кои се многу подобри од резултатите што ги постигнавме на последните три натпревари“, изјави Начо.
И покрај лошата серија, Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со 17 бода, исто колку и Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад. Кралскиот клуб е прв поради подобра гол разлика.