ФУДБАЛ

Начо останува во Реал

Реал Мадрид и капитенот Начо Фернандез се договорија за продолжување на договорот, кој останува врзан за клубот до 30 јуни 2024 година, се вели во официјалното соопштение.

Начо е во Реал 22 години, вклучувајќи ги и јуниорските категории, откако му се приклучи на Алевин А од младинската академија во јули 2001 година кога имаше само 11 години.

Во Реал Мадрид одигра 319 натпревари и освои 23 титули: пет Лига на шампиони, пет Светски клупски првенства, четири европски Суперкупа, три лиги, два Купа на Кралот и четири шпански Суперкупа.

Начо играше 24 пати за шпанскиот тим со кој штотуку ја освои титулата во Лигата на нации.

ПОВРЗАНО

Лига на шампиони