Саудиска Арабија дефинитивно стана центар на фудбалскиот свет во новата 2023 година.
По финалето на шпанскиот Суперкуп помеѓу Барселона и Реал, следува финалето на италијанскиот Суперкуп во кој ќе играат Милан и Интер, а круна на се е пријателскиот натпревар во кој ќе играат Кристијано Роналдо и Лионел Меси, повторно едeн против друг.
Пари Сен Жермен ќе игра против комбиниран тим од двете најуспешни екипи од Саудиска Арабија, Ал Наср и Ал Хилал.
Според француските медиуми, за пријателскиот натпревар в четврток во Ријад, клубот од Париз ќе заработи 10 милиони евра. Финансискиот дефицит на клубот од минатата сезона е 370 милиони евра, а сличен ќе биде и сегашниот, па секоја добивка вреди злато.
Инаку, билети за овој натпревар официјално побарале над два милиони луѓе, но само педесет илјади среќници ќе можат да го следат овој натпревар во живо.
