Поради голем интерес за натпреварот на Македонија против Косово, билетарата на стадионот „Тодор Порески“ во Градски Парк, во претстојниот период ќе биде отворена до 21ч, информираат од Фудбалската федерација на Македонија.

Инаку, билетите во продажба се пуштени вчера, а според информациите имало голем интерес. За само еден ден продадени се над 4 илјади влезници.
Натпреварот се игра на 26 март, а е во рамките на Лигата на нации и е полуфинале. Победникот ќе игра со подобриот помеѓу Грузија и Белорусија, а селекцијата која ќе триумфира во финалето ќе обезбеди пласман на ЕП.