ТАЈМАУТ

Надал го чека долга пауза по новата операција

Рафа денеска го слави својот 37 роденден.

Рафаел Надалбеше успешно оперирана. Овој пат го оперирал „главниот псоас мускул“, кој се наоѓа во страничниот лумбален предел помеѓу ‘рбетниот столб и работ на малата карлица.

Операцијата во Барселона ја изврши Марк Филипон и Рафа е пуштен дома, каде ќе го прослави својот 37 роденден.

Очекуваното опоравување е пет месеци, што значи дека Шпанецот го чека уште една долга пауза.