ДРУГИ СПОРТОВИ

Надал ќе биде подготвен за Вимблдон

Големиот Шпанец Рафаел Надал сепак би можел да игра на Вимблдон.

Така тврди неговиот вујко Тони Надал.

Надал има проблеми со стапалото и добива инјекции.

Се зборуваше за подолга пауза, и дека ќе го пропушти Вимблдон, но сега доаѓаат поинакви информации.

„Ми кажа дека е подобар. Мислам дека ќе игра на Вимблдон“, изјави Тони Надал.

Рафаел Надал почнува со тренинзи во понеделник.

Вимблдон се игра од 27 јуни до 10 јули, а титулата ја брани Новак Ѓоковиќ.

Надал ја освои титулата во Лондон во 2008 и 2010 година.