Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Роналд Гарос.
Надал денес успеа да се пласира во полуфиналето без некои поголеми проблеми откако го совлада Диего Шварцман со 3:1 во сетови.
Аргентинскиот тенисер се обиде да пружи најдобар можен отпор и да дојде до изненадување, но едноставно немаше решение за денешниот одличен Надал.
Првиот сет траеше 44 минути, а Надал успеа да го реши во своја полза со 6:3 и да поведе со 1:0 во сетови.
Сепак, Шварцман се врати во мечот во вториот сет. Борбата траеше 50 минути, а Аргентинецот го доби вториот сет со 6:4.
Надал беше фантастичен до крај. Во третиот сет, Шпанецот повторно доминираше и го освои со 6:4 за 2:1 во сетови.
Надал беше особено импресивен во четвртиот сет. Се играше само половина час, а Шпанецот не му дозволи на Шварцман да добие ниту еден гем. Надал славеше со 6:0 и со тоа стави точка на овој натпревар.
Во полуфиналето, Надал ќе игра против подобриот играч од дуелот помеѓу оковиќ и Беретини, кој се игра вечерва во 20 часот.
Ролан Гарос, четвртфинале:
Надал – Шварцман 3:1 (6:3, 4:6, 6:4, 6:0)