ДРУГИ СПОРТОВИ

Надал загуби од Зверев, дали Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како број 1?

Рафаел Надал загуби во првото коло од мастерсот во Лондон од Александар Зверев со 2:0 (6:2 и 6:4). На турнирот во Лондон има две групи, а слично како и Федерер, така и Надал првиот меч го загуби.

Од фаворитите единствено Новак Ѓоковиќ победи. Зверев практично одигра и за Србинот, па доколку тој до крајот на турнирот победи на сите мечеви и го освои трофејот на завршниот мастерс, тогаш ќе биде и број 1 на крајот на годината, без разлика на резултатите на Надал, кој е единствен конкурент за врвот на АТП листата за 2019 година.