ФУДБАЛ

Надреална сцена: Го удри противникот со рака по глава и направи пенал во 90. минута (ВИДЕО)

Нереална сцена се случи денеска на натпреварот од шкотската лига помеѓу Селтик и Ливингстон (0:0).

Англискиот фудбалер Ајо Обилеје беше исклучен од натпреварот, а Селтик доби пенал на бизарен начин.

Обилеје го удри Кјога Фурухаши со рака по глава во шеснаесетникот, а судијата потоа го исклучи.

Исто така, судијата Боби Маден досуди пенал за домашните. Сепак, Георгиос Џакумакис не го искористи и остана 0:0.

https://twitter.com/garryhood1872/status/1454475898967707665

Погледнете една навистина надреална сцена од шкотскиот премиерлигаш.