ФУДБАЛ

Нагатомо: Ќе ја победиме Хрватска

Репрезентативецот на Јапонија, Јуто Нагатомо е оптимист пред осминафиналето против Хрватска што се игра од 16 часот.

Јапонците ќе се обидат да одат чекор понатаму во однос на Русија 2018 кога во оваа фаза беа исфрлени од Белгија.

 

„ Никогаш не го заборавив поразот од Белгија, го носам во себе, се сеќавам на глетките и сцените од тој натпревар. Последните четири години ми беа тешки. Се обидов да се подготвам психички, беше многу напорно да ги надминеме грешките што ги направивме. Подобро сме подготвени од претходно. Ова е најсилната јапонска репрезентација во тој континуитет на учество на светските првенства. Имаме намера да ја победиме Хрватска, едвај го чекам следниот предизвик и гласно да им порачам на сите мои соиграчи – браво“ , изјави Нагатомо.

Нагатомо откри што им е потребно за да успеат.

 

„Потребна ни е храброст за да успееме. Ако направиме аналогија со самураите, пред борбата тие се обидуваат да ги подобрат своите техники и оружје, се подложени на подготовки, но ако чувствуваат страв нема да можат да го користат. Во фудбалот имаме техника и работиме на тактика, но ако се исплашиме, се е за џабе. Мора да го победиме стравот за да ги максимизираме перформансите. Првиот предуслов е храброста“, изјави Јапонецот.