ФУДБАЛ

Нагелсман е за воведување драстична промена во светот на фудбалот: „Тоа би бил одличен потег“

Од година во година, светот на фудбалот се соочува со нови идеи насочени кон модернизирање на играта.

Видео технологијата промени многу работи во последните години, а нова идеја предложена од одредени тренери е воведувањето на тајм-аути.

Се предлага тренерите да имаат неколку тајм-аути во текот на натпреварот за да разговараат со своите играчи и многу од нив би го поддржале таквиот предлог.

Меѓу нив е и тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман и не крие дека би сакал да се воведе тајм-аут на фудбалските терени.

“Тоа би бил навистина одличен потег. За тоа се борам 10 години. Сепак, не е лесно да се направат такви промени во фудбалот”, изјави тренерот на Баерн.

Тајм-аутот е само еден од предложените предлози за промена на правилата, а меѓу нив се изведување на аут со нога, неограничен број промени, застанување на времето и суспензија од пет минути поради жолт картон.