Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман не штедеше пофални зборови за Роберт Левандовски по натпреварот против Бенфика.
Полјакот постигна хет-трик и ја продолжи неверојатната серија, а ако им се верува на претходните пишувања на водечките светски медиуми, тој е главниот кандидат за освојување на Златната топка.
Нагелсман се осврна на споменатата тема, но и споредбите со Меси и Роналдо.
„Нема потреба да се споредуваат Меси и Роналдо, Левандовски е моментално најдобриот напаѓач во светот и ќе има уште неколку сезони, бидејќи има одлична градба, исклучително однесување и однос на противник“, потоа продолжи Нагелсман.
“Велам Меси и Роналдо затоа што тие се различни играчи од Роберт. Кога гледате телевизија сето тоа изгледа одлично, но повторувам тоа се тројца различни играчи. Големата предност на Левадовски е и неговиот карактер. Тој е најдобриот играч во светот во моментов.“
Фудбалската јавност со нетрпение го очекува 29 ноември кога конечно ќе биде познат добитникот на Златната топка за оваа календарска година.